Добивај вести на Viber
Нов пациент со компликации предизвикани од опасната бактерија листерија е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Станува збор за 16-годишно девојче од Неготино, кое било примено пред два дена со воспаление на мозочката обвивка и е десетти пациент со листериоза во последните два месеци.
Според лекарите, нејзината здравствена сосотјба е стабилна и таа дише самостојно. Девојката немала претходни хронични заболувања и не спаѓа во група на луѓе со зголемен ризик за компликации од листерија.
Се испитува поврзаност на овој со претходниот случај на листерија откриен кај пациент исто така од Неготино, но кој не бил во роднинска врска со заболеното девојче.
„Сите случаи за кои досега зборувавме, ги поврзуваме исклучиво со користење на идентичен производ во нивната исхрана. Единствен начин на кој се пренесува листеријата е преку храна со исклучок на перинаталната која се пренесува од мајка на дете во моментот на породувањето. Значи тука не постои друг начин освен користење на заедничка идентична храна“, рече проф.д-р Звонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.
Од листериоза досега заболеа 10 лица, од кои 4 починаа, но изворот уште не е откриен. Единствената фабрика за која беше посочено дека била откриена листерија во нејзин производ „Екстра Меин“ од Куманово, бара одговорност затоа што повторените анализи не покажале присуство на бактеријата во нејзините простории и производи.
Миленковиќ вели дека за краен суд ќе треба да се почекаат резултатите и од суперанализата на спорниот свински врат. Од компанијата денеска се обратија директно до Миленковиќ заради неговото тврдење оти на примерокот земен од малопродажба е направена квантификација, односно пребројување на присутните бактерии.
„Со сета почит кон Вашата титула, тоа го демантира резултатот добиен од Центарот за јавно здравство во Велес, потоа Факултетот за ветеринарна медицина, како и Агенцијата за храна и ветеринарство! Претседателе, како тогаш мострата за која не е направена квантификација ја земавте како позитивна? Дали е тоа етички и правно издржано? Понатаму, Вие изјавивте дека листерија е пронајдена во четириесетина производи, но дека најголемиот дел подлежат на термичка обработка, а дека само во еден – чадениот сечкан вакумиран свински врат на Екстра Меин – е во производ готов за консумирање. И непотребно ја ставивте нашата Компанија на столбот на срамот! А, Министерството за здравство објави резултат во кој убаво пишува дека се пронајдени повеќе производители, во повеќе производи готови за јадење, во кои има листерија. Ама не ги објавивте! Зошто? Дали, Претседателе, ова значи дека имате повеќе аршини по кои Вие постапувате? Не сакаме да веруваме дека тоа е тенденциозно, но резултатите укажуваат на тоа!“, се обраќаат писмено од „Екстра Меин“ до Миленковиќ.
Компанијата смета дека квантификацијата на бактериите е исклучително важна, затоа што правилниците одредуваат дека инфективната доза на листеријата е 100 колонии на грам, додека помала бројност се смета за неопасна.
„Понатаму, Претседателе на Комисијата за заразни болести, дали Вие знаевте дека методата за генотипизација на Ветеринарниот Институт во Скопје - НЕ Е АКРЕДИТИРАНА? А постојано се повикувате на неа! Кој сега ја направи штетата и, конечно, кој ќе одговара за штетата? Прекинете со импровизации, фатете се со работа и барајте ја листеријата на вистинското место!“, инсистираат од компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: