Уште многу работа за Индија
Објавено во: Анализа 23 Јануари, 2013 08:58
Неколку месеци подоцна ситуацијата не е воопшто променета. Бизнисите се во страв дека вакво помрачување може повторно да се случи. Ваквите испади се апсолутно недозволиви и може да имаат големи последици за економијата.
Само за пример да кажеме дека губитоците во САД на електрична енергија изнесуваат максимум 10% (САД се земени како пример бидејќи се најсилната екномија). Во Индија загубите надминуваат неверојатни 50%. Големата сиромаштија и големиот број на луѓе си го прават своето и мрежата постојано трпи оптеретување и толкму ова е главната причина поради која се случуваат овие испади.
Според проценките на експертите на Индија ќе и бидат потребни дури еден трилион долари за да може да воспостави систем кој ќе може да обезбеди квалитетно стабдување со струја. И тие инвестиции се очекува да дојдат од приватниот сектор. Но тука проблеми не завршуваат, Индија како што рековме има голема стапка на сиромаштија, а тоа значи дека струјата се продава по многу ниски цени со цел да не се наруши социјалниот мир. Па така државната компанија генерираше долг од фрапатни 35 милијарди долари кои беа реструктуирани во еден дел и згора на тоа државата превзема 50% од долгот.
Без дилема ќе мора да се најде некое решение бидејќи мрежата е застарена, инвестиции нема бидејќи приватниот сектор многу тешко се решава за вакви потфати. Најверојатно ќе биде потребно некое учество или гаранции од државата. Во секој случај сеуште се далеку од решавање на проблемот и ова е несомнено една отворена рана за економијата на втората најголема земја во светот.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





