28 Април, 2025
0.0304

УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ Е „БОГАТ“ ТУПАНЧЕСКИ, НЕГОВИОТ И ИМОТОТ НА ГРКОВСКА ГИ НЕМА НА ДКСК - антикорупционерите велат: Стигнати се, набргу ќе ги објавиме

Објавено во: Македонија 06 Април, 2022 07:24

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што за нови министри во Владата на премиерот Димитар Ковачевски беа избрани на средината на јануари годинава, дури ни сега, речиси три месеци подоцна, на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не се објавени анкетните листови на министерот за правда Никола Тупанчески, ниту за новата вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Фактор ја праша претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, зошто се уште не се објавени имотите на Тупанчески и на Грковска на веб страницата, а нејзиниот одговор е дека вработените во комисијата се уште не постигнале да ги внесат имотните состојби во анкетните листови, поради голема преоптовареност со внесување, која датира уште од локалните избори.

„Толку ни е капацитетот. Сите анкетни листови се пополнуваат рачно, а тоа го работат двајца наши вработени. Едноставно, толку можат да постигнат, бидејќи станува збор за огромен број на анкетни листови. Според нашите податоци, имаше околу 8.000 различни функционери за кои требаше да се внесе имотната состојба, па пресметајте сега по колку му доаѓа на еден вработен, по 4.000 анкетни листови“, вели Ивановска во разговор за Фактор.

Ја прашавме Ивановска дали Тупанчески и Грковска воопшто ги испратиле до ДКСК податоците за нивната анкетна состојба.

„Ги имаме добиено податоците, баш пред некој ден проверувавме, стигнати се. Но, поради малиот капацитет, тие се уште не се внесени и не се објавени на веб страницата“, вели Ивановска.

Претседателката на ДКСК не можеше прецизно да ни одговори кога ќе бидат објавени нивните анкетни листови јавно, но уверува дека службениците работат и тоа ќе биде направено во најбрз можен рок.

Како што е познато, согласно законските прописи, новите функционери имаат рок од 30 дена за да ги испратат податоците за својата имотна состојба до ДКСК, и тоа од официјалното стапување на функцијата.

Новата Влада, пак, беше избрана на 16 јануари, од кога почнува да тече и министерувањето на Тупанчески и Грковска, а оттогаш па наваму се поминати безмалки три месеци.

Министерот за правда Никола Тупанчески, деновиве е актуелен по неговото патување во Палермо, каде ја бодреше нашата репрезентација. Тој вчера за порталот А1 Он признадека не ја платил картата за чартер летот и влезот на стадионот во Палермо.Фактурата за аранжманот, пак, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, по четири дена од одржувањето на натпреварот.

И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

„Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што и да сакате да биде вклучен, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето, начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости кои патуваат, и јас сум само составен дел на делегацијата. Дури, морам да ви кажам дека и делот што е платен, е платен на мое инсистирање, бидејќи мислев дека така треба да биде“, вели Тупанчевски за А1 Он. 

За објавување на имотите подолго се чекаше и после локалните избори, кога беа избрани новите градски татковци и нивните советници, а пролонгирањето на јавните објави беше од истите причини, односно поради малиот капацитет на Антикорупциска да ги внесе сите податоци за имотната состојба во анкетните листови.

Од новите министри, пак, анкетни листови на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата се објавени за вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и за новите министерки Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Всушност, анкетни листови на веб страната на ДКСК се објавени за министрите кои и претходно имале министерски, или некои други позиции во Владата или во државните органи. Сепак, веќе се објавени новите состојби, односно имотите при стапувањето на новите функции.

Вицепремиерот Маричиќ, од заеднички имот има стан од 65 метри квадратни во Скопје, од 3,6 милиони денари, кој е наведен како заеднички имот, стекнат со договор за купопродажба, а располага и со моторно возило Цитроен од 180 илјади денари. Како имот на деца има два девизни депозити од по 1.100 евра, како и денарски депозит од 15 илјади денари. Како заеднички имот, пак, Маричиќ пријавил кредит од три милиони денари.

Додека бил министер за правда, пак, Маричиќ го имал истиот имот, со тоа што од сегашнава состојба разликата е што тогаш имал еден кредит повеќе, од 200 илјади денари.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска беше пратеничка претходно, но нејзиниот анкетен лист е токму новиот, односно имотот кој го пријавила како министерка за одбрана. А, од имот министерката Петровска има само два кредита и една кредитна картичка. Сите тие се водат како личен имот, и тоа првиот кредит од 250 илјади, вториот од 600 илјади и кредитната картичка од 159 илјади, при што тие се најверојатно во денари, иако не е точно наведено во каква валута се заемите на министерката Петровска.

Објавен е и новиот анкетен лист на новата министерка за култура Бисера Костадиновска Стојческа, која исто така беше поранешна пратеничка. Таа како личен имот има моторно возило Сузуки од 366 илјади денари, кое си го купила. Од заеднички имот има депозит од 600 илјади, најверојатно денари, иако тоа не е наведено, стекнат со договор за подарок, како и уште еден депозит, кој е заеднички имот, од 470 илјари, исто така не наведено во која валута. Таа има и долгови, односно кредит од 427 илјади денари, како и кредитна картичка од 180 илјади денари, и сите тие се нејзин личен имот.

Интересно е да се види имотот кој Костадиновска го пријавила порано како пратеничка, од што произлегува дека таа била многу побогата како народна избраничка, отколку како министерка за култура. Но, тогаш Костадиновска имала главно имот на родители, и тоа две куќи, стан, гаража и помошни простории, во Битола, а од личен имот и тогаш го имала пријавено Сузукито, девизен депозит од 3.000 евра, како и кредит од 310 илјади денари, но и кредитна картичка од 78 илјади денари.

Кај сегашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, пак, неговиот имотен лист се уште е стар, односно ова е имотот што тој го поријавил кога станал вицепремиер за борба против корупцијата, што значи дека ние како јавност не знаеме како во текот на минатиот период се променила неговата имотна состојба. Тоа ќе биде познато кога ќе биде објавен новиот анкетен лист на Николовски како министер за земјоделство.

Истото ова ќе важи и за другите министри за кои веќе постојат анкетни листови, но датираат од времето кога тие стапувале на нивните претходни функции.

Николовски има од личен имот куќа во Крива Паланка вредна 1,5 милиони денари, стекната со наследство, како и стан од близу еден милион денари, исто така во Крива Паланка, стекната со договор за подарок. Од личен имот Николовски има и Рено Клио од околу 800 илјади денари кое си го купил, а во една од македонските банки има и девизна штедна книшка од 47.240 евра и 2.500 американски долари, кои ги има од март 2020 година и кои се стекнати на друг начин.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска има анкетен лист како поранешна в.д. директорка на Државниот инспекторат за труд, што значи дека и за неа се уште го нема новиот анкетен лист.

Таа од заеднички имот има стан во Струмица од 86 метри квадратни, вреден 1,85 милиони денари, добиен како наследство, како и заеднички имот куќа за одмор во Струмица од 308 илјади денари, стекната со договор за купопродажба. Од заеднички имот има кредит од 300.000, при што не е наведено дали станува збор за денари, евра или долари.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„ВИЕ НЕ ПОНУДИВТЕ МОТИВ ЗОШТО Е СТОРЕНО ДЕЛОТО, АЛЕКСАНДАР ГО ИМА НАЈСКАПИОТ ИМОТ“ - Палчо тврди дека обвинението против него е недокажано и нелогично

„ВИЕ НЕ ПОНУДИВТЕ МОТИВ ЗОШТО Е СТОРЕНО ДЕЛОТО, АЛЕКСАНДАР ГО ИМА НАЈСКАПИОТ ИМОТ“ - Палчо тврди дека обвинението против него е недокажано и нелогично

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака

„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата

„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата

КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА, ГИ СЛИКАТЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ И ПРАЌАТЕ ПО МЕДИУМИ: Палевски вели не бегал откако дознал дека е осомничен

КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА, ГИ СЛИКАТЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ И ПРАЌАТЕ ПО МЕДИУМИ: Палевски вели не бегал откако дознал дека е осомничен

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион

СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион