19 Декември, 2025
0.0476

Усје: Има чад ама не е чад, туку водена пареа

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 07:05

Добивај вести на Viber

Водена пареа која е повеќе видлива за голо око при пониски температури е чадот кој излегува од оџаците на Цементарница Усје, тврдат од компанијата за Фактор, откако во последните десетина денови граѓани често споделуваа фотографии на кои се гледа густ чад над компанијата, особено во вечерните часови. Поплаките го натераа и Инспекторатот за животна средина да оди во контрола во фабриката. Додека станат јавни наодите на инспекторите, од Усје велат дека граѓаните не требало да се грижат затоа што тие имале А-Интегрирана еколошка дозвола уште од 2011 година.

„Овој документ практично го гарантира строгото почитување и имплементирање на законските обврски, но истовремено нѐ обврзува постојано да инвестираме и да ги надоградуваме процесите во интерес на животната средина. Согласно на ова сите активности на компанијата се одвиваат под континуиран независен мониторинг кој не дозволува отстапки од дозволените граници. Имено, чадот што граѓаните го гледаат во изминатите денови е водена пареа која е повеќе видлива за голо око при пониски темератури, поради што се јавува кондензација. Одговорно тврдиме дека нема никакво зголемување на која било активност во компанијата во овој период., велат оттаму.


Граѓаните споделуваа на социјалните мрежи доста фотографии од чадот над Усје. На нив навистина се гледа густ издувен гас, кој создава магла на тој дел од градот. Дали во тој чад има штетни материи? Од Цементарница велат дека во 2007 поставиле независен автоматски систем за мониторинг на емисиите во воздухот, а дека контролата трае цела година без прекин. 

„Состојбата со емисиите во воздухот од Цементарница УСЈЕ редовно се следи и од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Во континуитет имаме посети и проверки на податоците од страна на Инспектортот. Последната  беше минатата недела, на 20.11.2018 год.  Констатирано беше дека емисиите од Цементарница УСЈЕ во целост ги исполнуваат законски предвидените услови и се во просек неколку пати пониски од законски дозволените концентрации, велат од Усје.

Скопје деновиве е еден од најзагадените градови во Европа, повторно исто како и лани. Граѓаните се гневни оти властите не прават речиси ништо на ова поле. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки