20 Декември, 2025
0.0695

Успешната соработка продолжува: Новоматик Македонија и во следната сезона генерален спонзор на ФК Вардар

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2025 14:36

Добивај вести на Viber

Со договор за значителна финансиска поддршка Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, менаџментот на ФК Вардар, капитенот Горан Закариќ, како и други членови на корпорацијата и клубот.

„Денес, заедно со капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, објавуваме дека спортската бајка продолжува! И во следната фудбалска сезона Новоматик Македонија и ФК Вардар го продолжуваат договорот за генерално спонзорство во вкупна вредност од дополнителни 1 милион евра. Наша заедничка цел останува да придонесеме во градењето на силен спортски колектив кој ќе биде предводник на новата ера успеси на македонскиот спорт“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.


Од Новоматик Македонија велат дека одлуката за продолжување на договорот за соработка е донесена бидејќи ФК Вардар не е само спортски клуб туку симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.

Капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим ја поздрави одлуката на Новоматик Македонија нагласувајќи дека поддршка на компанијата претставува и директна поддршка на заложбите за здрава и просперитетна младина.

„Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални и колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија која инвестира во спортот, всушност инвестира во здрава и просперитетна младина. Импресивни се заложбите на Новоматик Македонија да го поддржи плановите на спортскиот колектив и актуелниот клупски менаџмент за обнова на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да ја уверам јавноста дека сите фудбалери продолжуваат да го даваат својот максимум за да ги оправдаат очекувањата“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.

Инаку, Новоматик Македонија од пред 3 месеци е спонзор и на Фудбалската Федерација на Македонија. Само во македонскиот фудбал Новоматик Македонија во период од 2 години спонзорски вложува повеќе од 3 милиони евра. Дополнително, како светски лидери во индустријата игри на среќа оваа корпорација е спонзор и на ракометниот клуб Вардар, кошаркарскиот клуб МЗТ и фудбалскиот клуб Кожув.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии