29 Септември, 2024
0.0267

УСПЕШНИ СТОРИИ: Може да се успее и „без врски“!

Објавено во: Економија 07 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Драгица Шелдарова- Крстевска е раководител за финансии и сметководство во „Наше такси“. Навидум обична работа во пристојна компанија, па многумина ќе речат, „Што е тука интересно“? Но приказната на Шелдарова- Крстевска го потврдува старото правило во бизнисот, надоградување и едукација за подобра кондиција во секоја смисла. Шелдарова- Крстевска смета дека посетувањето на обуки многу и помогнале во професионалниот развој. Таа ги издвојува експертите од „Нова консалтинг и едукација“,  кои несебично и го пренеле сопственото знаење. Што мислите колку е важна надоградбата во образованието за професионалниот ангажман во некоја компанија? Образованието е клучен фактор за успешен старт на работното место. Сите ние со одреден степен на образование ја започнуваме кариерата на одредена позиција, притоа се случува, да во зависност и од другите вештини кои ги пројавуваме во текот на извршувањето на работните обврски, се определуваме поконкретно на работното место. Тоа прилагодување или уште подобро да кажам, утврдување на нашиот професионален профил, секако дека бара образовна надоградба. За да бидеме што е можно попрофесионални и успешни во работата, сметам дека апсолутно неопходно да имаме надоградба во образованието. nova kons Имате ли чувство дека обуките на кои го усовршивте вашето знаење Ви помогнаа во барањето на нова работа? Зошто? Дали се почувствувавте посигурни? Обуките, конкретно мене, бидејќи не барав нова работа, ми помогнаа да ги совладам побрзо работните обврски и да создадам опции за полесно разрешување на проблемите кои тековно претходно се појавуваа. Со други зборови, мене ми помогнаа да напредувам на работното место. Така што, мое мислење е дека обуките секако, Ве движат напред или со подобра работна позиција или со работно место во подобра компанија. Зависи само од Вас што барате. Но важно е, дека Ви даваат сигурност при донесувањето одлуки, при барањето решенија, во текот на дискусиите на состаноците излегувате со конкретни предлози подучени од примерите работени на обуките. Да секако, дека сте посигурни во тоа што го работите, бидејќи знаете дека можете да понудите опција или одговор кој е правилен. Сметате ли дека денеска во Македонија може да се успее и „без врски“, доколку поседувате  квалитет? Успевањето во Македонија  “без врски” бара голема посветеност, трпение и успешност покрај образованието и обуките. Верувам дека постои, но верувам дека поголем проблем е да се добие работното место без никакво работно искуство. Тука можеби клучна улога играат како што велите “врските”. Треба од некаде да се почне, но доколку се добие шанса “без врски“, треба човек навистина да се посвети и особено да држи чекор со надоградба на образованието. Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето? Предавачите на Нова Консалтинг се професионалци со извонреден однос кон слушателите/ посетителите, со соодветен пристап кон секој слушател/посетител, кој мотивира повеќе да “ барате знаење”, да навлезете повеќе во специфичниот проблем, да наоѓате повеќе решенија на еден проблем, едноставно да го сакате повеќе тоа што го работите. Тоа според мене, дефинитивно е резултат на спојот искуство и начин на пренесување на знаење и јас сум им многу благодарна за тоа. Повеќе за можностите за едукација на Нова консалтинг.мк nova kons1  

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија