26 Јуни, 2024
0.0315

УСПЕШНО ЛЕКУВАЊЕ НА „БОЛНИТЕ ВЕНИ“ СО РАДИОФРЕКВЕНТНАТА АБЛАЦИЈА: Д-р Нанчева за новата метода во ГОБ „8 Септември“

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Од 20 до 40 отсто од возрасната популација страда од проширени и варикозни вени, а според низа направени студии е забележано дека возраста и бременоста се меѓу најважните ризик фактори за развивање на хронична венска болест. Освен овие фактори, тука е и генетиката, за која се покажало дека е примарна причина за проширени вени и развој на хронична венска болест. Истовремено, причина за појава на проширените вени е и зголемената телесна тежина која прави дополнителен притисок врз венскиот систем, а тоа доведува до оштетување на залистоците и компромитирање на венскиот проток на крвта кон срцето. Ризик фактор, секако е и пролонгирано стоење или седење што доведува до тоа вените се потешко да ја испумпаат крвта кон срцето. Особено, долгото стоење и седење на едно место значително го зголемува ризикот за појава на варикозни вени.

Ваквите сериозни здравствени состојби се лекуваат со посебна метода, радиофреквентна аблација на вени, која во Македонија ја изведува тим од експерти во ГОБ „8Септември“. Во изјава за Фактор, директорот на болницата, д-р Христијан Костов вели дека д-р Газмемд Елези, општ и васкуларен хирург, прв ја спровел процедурата.

Оваа процедура е подобра сопредбено со класичната оперативна процедура:

- Е неинвазивна и безболна процедура

- Се работи со локална анестезија

- Времетраење на процедурата е 20 мин.

- Без компликации ( хематом и болки постопреративно)

- Пациентите се пуштаат по неколку часа по операцијата за разлика од другата метода со спроведување на која треба да седат 7 дена

- Пациентите по 2 до 3 дена може да се вратат на социјалниот живот

- Д-р Елези за прв пат ја спроведе ендоваскуларната процедура на решавање на варикозните вени на екстремитетите со помош на радиофрекфентна аблација како неинвазивен понов третман на варикозните вени (проширени вени). Оваа неинвазивна процедура ја заменува класичната striping оперативна процедура. Радиофрекфентната аблација е процедура која емитува преку сонда термична температура на општетените површински вени на долни екстремитети со што доведува до нивна фиброза, обструкција, односно затворање на истите и ги исклучуваат од венски систем со што ќе се придонесе за превенирање на можните компликации што можат да настанат како последица на варикозните вени: thrombophlebitis, тромбоза на длабоки вени, венските услуги или некоја тромбоемболија, нагласува директорот Костов, кој практично и успеал да ја донесе најсовремената апаратура во ГОБ „8 Септември“. 

Истовремено, во разговор за Фактор, спец. д-р Андреа Нанчева, интервентен радиолог во ГОБ „8 Септември“ вели дека проширените вени кај пациентите со оваа метода се лекуваат успешно во дури 95 отсто од случаите. 

-Во нашата богата палета на интервенции од неодамна се вклучи и радиофреквентната аблација на вени, минимално инвазивна (ендовенска) метода за третман на проширени и варикозни вени. Методата се заоснова на затварање на вените со топлина што ја генерира радиофрреквентната енергија и потоа насочување венската крв само кон здравите вени. Методата воопшто не е болна, за третманот се користи локална анестезија и трае околу 30 минути. На работената нога се ставаат специјални високи чорапи кои прават компресија, а по завршувањето на интервенцијата  пациентите веднаш си одат дома и можат да се вратат на своите дневни обврски. Светските публикации методата ја пишуваат како успешна во 95% во случаевите, нагласува д-р Нанчева.

Посочува дека селекцијата на пациенти е најважна, односно ја прави доктор специјалист кој работи ехосонографски венски доплер и може да ги препознае “болните вени“.

-Сега за сега се само 3 пацинети третирани, тоа беше пилот серија, сега планираме уште 3-4 да сработиме во март со помош на колегите од Охрид и самостојно да почнеме во април и мај. Реално закажувањето ќе оди прво преку амбулантата за доплер на вени, а потоа ќе го вклучиме и мој термин. Оваа процедура во светот освен интервентни радиолози ја работат васкуларни хирурзи и интервентни кардиолози. Покрај искуство во ендоваскуларни третмани, за работа на оваа метода најважно е познавањето на  ехосонографскиот венски доплер, кој што два пати до три пати месечно го правам јас на нашето одделение за дијагностичка и интервентна радиологија, вели д-р Нанчева.

Инаку, за изведување на радиофреквентната аблација на вени, д-р Нанчева и д-р Филип Ристески се едуцирани надвор од Македонија, како и во кардиолошкиот центар во Охрид.

-Наши ментори, односно наги главни едукатори се д-р.Никола Бакрачески (интервентен кардиолог) и д-р.Марија Зимбова (кардиолог ехосонографист) кои секако се пионери на оваа процедура во Македонија. Во тимот за радиофреквентна аблација на вени е вклучен и нашиот колега, васкуларен хирург д-р.Газменд Елези. Во моментов процедурите во нашата болница се уште ги изведуваме под нивно менторство и очекуваме кон крајот на пролетта самостојно да продолжиме со официјални термини во системот “Moj Teрмин”. Сите читатели кои имаат проблем со вени, се добродојдени во мојата доплер амбуланта секој понеделник на нашето одделение за дијагностичка и интервентна радиологија во ГОБ 8 ми Септември, вели д-р Нанчева.

Инаку, таа е дел од тимот за интервентна радиологија во ГОБ „8 Септември“, заедно со специјалистот д-р.Филип Ристески, два специјализанти, д-р Ивона Јовановска и д-р Ѓорги Дунгевски како и медицинската сестра Кристина Панговска.

Овој тим работи на повеќе процедури како аблација на тумори на бели дробови, црб дроб и бубрези, од неодамна емболизација за тумори, третира болести на крвни садови ендоваскуларно, поставува венски портови за хемотерапија и прави биопсии на туморски промени, во тесна соработка со тим од рентген технолози.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“