29 Септември, 2024
0.0259

Успешно завршен саем за македонските компании во Амстердам

Објавено во: Економија 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

На овогодинешниот Private Label Manufacturers Association (PLMA) саем во Амстердам, кој се одржуваше на 19ти и 20ти Мај, учество земаа неколку македонски компании. Саемот во Амстердам е најголемиот европски саем од овој тип  и е одлична можност за поврзување помеѓу производителите и трговците на производите кои се произведени под сопствена трговска марка. Меѓу компаниите кои ги претставија своите производи пред поширокиот бизнис аудиториум се: Виталија, Магрони, Коро Компани, Hina products, Рудине, Макпрогрес и Мултихем. 11262330_1076345989046253_9000902720059401298_oНашата компанија изложува за прв пат на овој саем. Заедничкото изложување со повеќе македонски компании, на заеднички павиљон, ја зголеми нашата видливост кај потенцијални купувачи и препознатливоста на Македонија како производител и преработувач на квалитетни прехрамбени производи, вели Ивана Марковска од Рудине. Со идентичен став е  и Мишел Марков, Макпрогрес кој вели, на саемот PLMA 2015 во Амстердам, учествуваме прв пат, остваривме драгоцени контакти со водечки ланци на маркети од Европа, како и контакти со потенцијални соработници од некои егзотични пазари како Нов Зеланд, Јужна Кореа и др. Излагање кое сметаме дека ќе даде голем допринос во остварување на нашите цели и таргети. 11334174_1076347129046139_7048901108247918286_oНа Македонскиот Павиљон учествуваа и претставници на Холандската амбасада и Холандско – Македонската стопанска комора во Македонија, кои во заедничка соработка беа и логистички организатори на павиљонот. Средствата за учество  на македонските компании беа обезбедени од Холандската државна агенција – RVO. Корисни за нашето стопанство се иницијативите за заедничко претставување на производствените компании на големите саемски манифестации. Магрони ДОО настојува да го зголеми својот извозен потенцијал преку присуство на познатите светски саеми. Ова беше наше второ учество на саемот за приватни марки PLMA во Амстердам, но прв пат како дел од еден Македонски Павиљон. Како изложувачи се потрудивме да го презентираме нашите брендови Добра Вода и Ладна, пред поширокиот бизнис аудиториум, но и да ги истражиме можностите за производство под приватни марки. Стекнатото искуство и контакти, секако ќе бидат драгоцени вели Бојан Младеновиќ од Магрони. Македонските компании посебно се задоволни од овозможената шанса од Холандската Амбасада, Холандско-Македонската стопанска комора и RVO да ги претстават своите производи на еден од најголемите саеми од ваков карактер. 11262090_1075826072431578_5927553294151586194_n Дел од саемот беше и компанијата „Виталиа“. „Како компанија, пред се задоволни сме од овогодинешниот саем на приватна марка, каде што уште еднаш докажавме дека креативните и уникатни здрави производи на “Виталиа”,  се вистинскиот избор за широката потрошувачка маса. vitalija “Виталиа” со задоволство ја поддржа иницијативата на Холандската амбасада во Република Македонија за заедничко учество со другите македонски компании на PLMA 2015 , со што ќе придонесе до зголемување на извозниот потенцијал и етaблирање на брендот “Made in Macedonia”. Инаку нашата компанија ги изложува своите производи на овој саем веќе шест години, како самостоен излагач, истакнува “ Ана Ношпал од Виталија. Поддршка на идејата  на Холандската Амбасада дадоа  и од Хина Производи. Нашата компанија учествува на овој саем веќе повеќе години како самостоен излагач. Ова е прв пат да учествуваме заедно со другите компании од Македонија. Ја поддржуваме идејата на Холандската Амбасада за покренатата иницијатива за заедничко учествување и се надеваме дека ќе не поддржите во натамошните излагања е ставот на Десанка Алчинова од Хина Производи. 10985006_1076345782379607_2669006589040090936_oИсто така  како добра идеја се покажа организарањето на заеднички павиљон, со што се зголеми  впечатливоста и подоброто претставување на македонските капацитети за квалитет и производство. Според Виктор Коловски, Коро Компани изложува по прв пат на саемот PLMA 2015. Многу сме и благодарни на Холандската Амбасада и Холандско – Македонската Стопанската Комора укажаната можност да ги изложиме нашите производи на овој саем. Концептот за изложување во рамките на Македонски Павиљон, сметаме дека е придонесува да сме исклучително препознатливи и е поволна за сите компании. 11032372_1076335275713991_3582419419828768915_o Компаниите за наредната година повторно најавија интерес во соработка со со Амбасадата на Холандија да земат учество на овој голем европски саем кои ги поврзува производителите и трговците на производите кои се произведени под сопствена трговска марка .

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија