25 Јануари, 2025
0.0350

Успешно заврши проектот „е-Engagement” за усовршување на дигиталните вештини на младите луѓе

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Од 21 до 23 ноември, како дел од проектот „e-Engagement”, во Прилеп се одржа завршна конференција на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници кои се одржаа изминатиот период во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци. Проектот е организиран од страна на „Младински Сојуз“, а со поддршка на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком. Овој едукативен караван имаше за цел да ги мотивира младите да развијат вештини и поефективно да се вклучат со дигиталното општество. „Преку овој проект се обидовме да ги охрабриме младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување,  а потоа и во насока на градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба“ - изјави Маријана Јанческа, прв проектен асистент на проекот „e-Engagement” На конференцијата, на која учествуваа 50 млади лидери се дискутираше за поефективно електронско учество, а беа презентирани и неколку успешно спроведени акции во Македонија преку социјалните мрежи. “Наша цел како фондација е поефективно вклучување на младите во е-заедницата, а преку проектот „е-Engagement“ го постигнавме токму тоа. Интересот и посетеноста на работилниците јасно покажаа дека има и тоа каква потреба за мотивирање но и усовршување на младите за подобро користење на дигиталните медиуми што ќе им помогне подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството“ – изјави Радмила Јончевска, директор на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком. Проектот „е-Engagement“ опфати 5 градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.

Можеби ќе ве интересира

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

ПРВПАТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВРШЕНИ 2 КОХЛЕАРНИ ИМПЛАНТАЦИИ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ВРОДЕНА ГЛУВОСТ И ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХ

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес