Уставен ја откочи исплатата на субвенциите
Објавено во: Агробизнис 10 Мај, 2017 17:12
Мандатот на градоначалниците доби црвено, но затоа за исплатата на субвенциите светна зелено светло од Уставниот суд кој денеска се произнесуваше по иницијативите со кои се оспоруваше членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик.
Уставниот суд донесе одлука со која што субвенциите може да се исплатат и само времено ја отстрани пречката за исплата на парите.
Судот поведе постапка за оценување на уставноста, за членот 8а од Изборниот законик и член 11 од Законот за спречување корупција, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на овие одредби до конечна одлука што треба да ја доне се судот, што практично значи дека до конечната одлука субвенциите може да се исплаќаат.
Сепак од Министерството за финансии велат дека одлуката уште не ја добиле.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





