26 Јуни, 2024
0.0290

Уставен ја укина апанажата како што предлагаше Левица

Објавено во: Македонија 03 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Уставен суд ја укина апанажата како што предлагаше Левица.

Пратениците на Левица пред повеќе од една година поднесоа Предлог-законот за укинување на апанажата, кој како што наведуваат го опструираше прво спикерот Талат Џафери, а потоа владејачкото мнозинство не го изгласа.

„Сега, Уставниот суд одлучи да нема апанажа за оние функционери кои си поднеле оставка или пак биле разрешени. На последната седница, уставните судии едногласно изгласаа укинување на членот 22 од Законот за плати и надоместоци за избрани и именувани лица, што практично значи дека нема веќе плати за пратениците, министрите, функционерите кои пред истекување на нивниот мандат прекинале да ја вршат својата работа. Уставниот суд процени дека овој член нема уставна оправданост и затоа сите пет судии гласале истиот да биде укинат. Судот го зеде во предвид и фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа заради некаков вид на одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Левица е единствена партија која во јавноста алармираше дека правото на апанажа на функционерите е енормно привилегирачки, со оглед на тоа што истото право не важи за работниците, на кои им следува само 50% од просечната нето-плата која невработеното лице ја земало последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин. Поради ваквите дискриминаторски одредби, Левица во изминатиот период поднесе и предлог-закон за апанажа на работниците, кој повторно не беше изгласан од анти-работничката Влада на СДС и ДУИ!“, велат од Левица. 

Наведуваат дека ваквите бизнис-партии, кои владеат во тесна спрега со олигархијата се главни генератори и виновници за сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата.

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“