Уставен пресече: И граѓаните со ладни радијатори ќе плаќаат за парно
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2013 20:26
Уставниот суд ја отфрли иницијативата од Либерално демократската партија и тројца граѓани за оценување на уставноста на одлуката со која им се наложи на граѓаните иако го исклучиле парното, да плаќаат за греење во текот на сезоната.
Новите правилата за снабдување со топлинска енергија беа донесени од Регулаторната комисија за енергија во 2012 година, а со правилата се предвидува потрошувач кој побарал да се исклучи од мрежата во колективната зграда од топлиниската мрежа да има обврска да плаќа надомест за ангажирана моќност од околу 10 денари за квадрат додека трае грејната сезона. Судот одлучи да не поведе постапка бидејќи сметаат дека индиректно и исклучените од парното, поради вертикалните системи на топлификациската мрежа во зградите добиваат одредено греење со што стануваат пасивни потрошувачи.Новите правила предизвикаа голем револт кај исклучените станари, кои на тој чекор се одлучија поради повеќекратното поскапување на парното во текот на изминатите две години. Тие повикуваа на граѓанско незадоволство и наплаќање на сметките за парно греење кои од пред неколку месеци почнаа да стигнуваат на нивните адреси иако голем дел од нив немаат склучено никаков договор со Топлификација, односно со Балкан Енерџи груп, компанијата која ја презема дистрибуцијата на топлина во Скопје.
Претходно и граѓанската иницијатива АМАн излезе на протести, меѓу останатото и поради новите правила за плаќање за парното. И оваа Иницијатива на крај доживеа неуспех.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





