УСТАВНИ ИЗМЕНИ: И третиот нацрт амандман аминуван-што се усвои?
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 17:23
Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани го утврди XXXV нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.
Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебата останаа на своите позиции за и против промена на Уставот согласно Договорот од Преспа. За опозицијата власта нема мандат за усвојување на уставните измени, за кои нема ниту консензус, а со него добива само Грција. За владејачкото мнозинство со договорот добива Македонија, се зацврстува државноста и националниот идентитет и се отвора патот за членство во ЕУ и НАТО.
Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека овој амандман не менува ништо а суштината на промената е во промената на името. Смета дека и од Грција треба да се побара да ја вметне истата оваа одредба за да покаже вистинско пријателство.
Заменик министерот за надворешни Андреј Жерновски реплицираше дека станува збор за амандман со кој двете земји меѓусебно заемно гарантираат неповредливост на границите.
– Македонија е единствена во регионот која има решено границата со своите соседи. Ова треба заемо како власт и опозиција да го објасниме на своите граѓани. Ниту една држава во регионот го нема решено тоа прашање. Ако погледнеме во регионот кои прашања се отвораат не може да кажеме дека ова е небитно прашање. Со овој аманмдман ги решаваме дефинитивно границите на Македонија, рече Жерновски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




