УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ „НА ПАТ“ ДО СОБРАНИЕ: Рокот за промена на Уставот се ближи
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2018 06:35
Предложениот нацрт амандман на Уставот на Македонија, а кој е во согласност со договорот на Македонија и Грција од Преспа, би требало до крајот на неделата да се најде во Парламентот, најави премиерот Заев.
Тој тоа го кажа по состанокот со министерката за правда Дескоска и министерот Димитров, но и на средбата со осумте исклучени пратеници од опозицијата.
Заев истакнал дека пред амандманите да стигнат во собрание, за нив ќе се консултира со сите парламентарни групи, за да го испочитува законскиот рок од 15 дена кој Владата го даде и кој истекува в сабота.
-Ги подготвуваме измените и дополнувањата на амандманите , и пред официјално да ги пратиме во собрание, уште еднаш ќе ја консултираме новоформираната парламентарна група. Очекуваме официјално да бидат претставени во Собранието до крајот на неделата-кажал Заев.
Почеток на процедурата
Парламентот пред две недели го изгласа почетокот на процедурата на уставните промени на името на државата, согласно со договорот постигнат со Грција.
Расправата, која траеше од понеделник, продолжена е во петок попладне, па, по паузата, по 22 :00 часот се пристапи кон гласање.
Заев успеа да собере двотретинско мнозинство (80 гласа) потребни за да почне со процесот на дополна на Уставот со промената на името кое и го вети на Грција.
На владеачката коалиција, која има 72 пратеници, и се придружиле осум пратеници на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




