Уставните измени ќе се поништат автоматски ако Грција не ги исполни обврските согласно договорот од Преспа
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018 09:40
Доколку Грција не ги исполни своите обврски тогаш нема да важат измените на Уставот односно нема да стапат на сила и автоматски ќе се поништат. Ова го кажа премиерот Зоран Заев на првата јавна дебата за четирите нацрт-уставни амандмани во Владата на Република Македонија .
При презентирањето на предлозите и забелешките од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор од страна на првиот човек на владата беше кажано дека остои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница.
Заев исто така посочи дека амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.
Во текот на денешниот ден ќе се случи втората јавна дискусија за уставните измени а местото на одржување е Универзитетот ФОН.
Според најавеното говорници ќе бидат и ректорот на Универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




