Уставните судии не дискутираа за недела неработен ден, иницијатива повлечена од технички причини
Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 12:07
Иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија, поднесена до Уставниот суд за законската одредба за недела неработен ден на денешната седница беше повлечена од технички причини и истата ќе ставена на дневен ред во некоја од следните седници. Судијата известител Вангелина Маркудова, не даде поопширно образложение за техничкиот дел кој треба да биде обработен. Претседателката на Уставен суд на РСМ, Добрила Кацарска апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.
Преку оваа иницијатива Стопанска комора на Северна Македонија, ги оспорува последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.
Според подносителот оспорениот закон се однесува за работата во недела и смета дека истиот е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




