Усвоен нацрт амандманот со кој стануваме Република Северна Македонија
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2018 16:54
Со 67 гласа „за“ денеска е изгласан амандманот со кој државата се преименува во сите членови на Уставот, освен во членот 36, каде се спомнува во историски контекст.
ВМРО ДПМНЕ гласаа против, а четворица пратеници беа воздржани. Шефот на дипломатијата, Никола Димитров коментирајќи ги дискусиите на пратениците од опозицијата, кажа дека сме нација со комплекси, за што од ВМРО ДПМНЕ побараа извинување.
Во расправата по вториот амандман со кој, во Преамбулата на уставот се додава и Рамковниот договор, а одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот од заседанието, Димитров остави простор за измени. Можно е, во преамбулата да влезат и дел од барањата на опозициските пратеници, но тоа ќе се знае по јавната расправа и мислењето на правните експерти.
Дебата во Собранието по нацрт-амандманите почна вчера и според досегашната динамика најверојатно ќе заврши за неколку дена. Третатa конечна фаза за промена на Уставот е најавена по Нова година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




