Добивај вести на Viber
56 милиони евра Европската Комисија одобри за поддршка на реформите во Македонија што се клучни во пристапниот процес. Тука се влегуваат реформите во судскиот систем, економијата, земјоделскиот сектор и животната средина, а е поддршката е во рамки на двегодишната национална програма за инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Како што изјави еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, овие фондови се создадени да помогнат во постигнувањето на реални промени преку натамошна модернизација на земјата и подобрувањето на животот на граѓаните.
„Се надевам дека многумина ќе ги искористат новите можности, како што е учеството на земјата во програмата Еразмус", изјави Фуле.
Инаку одлуката на Европската Комисија следува откако Европскиот Совет по четврти пат ја отфрли препораката за отворање на пристапните преговори со Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.