Добивај вести на Viber
Утре неколку населби во Скопје ќе останат без електрична енергија, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според најавите, од 9 до 15 часот прекина на струјата ќе има во селото Бањани и во манастирот „Св.Илија“ во општина Чучер Сандево.
Во овој периот исто така, струја ќе немаат корисниците со адреса на улиците Гарсија Лорка и Метохиска во општина Шуто Оризари, потоа жителите на Стопански Двор во општина Ѓорче Петров, но и делови од населбата Капиштец од броевите 2 до 14 во општина Центар.