Добивај вести на Viber
Од утре до среда ланецот за бела техника Нептун ги намалува цените на производите во своите продавници. Попустот се прави во пресрет на новогодишните празници.
Од менаџерскиот тим на Нептун велат дека „Среќен ден“ го организираат неколку години, објави телевија Сител.
Попуст ќе има на сите производи, за потрошувачите да можат да си го купат посакуваниот производ, велат од компанијата.
Праксата покажува дека Македонците на попуст најчесто купуваат телевизори, телефони и апарати за домаќинство.