Утре напладне почнува карантинот во Србија и ќе трае до понеделник
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Март, 2021
Србија се затвoра од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот. Во овој период ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво, реши на денешната седница Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот.
„Донесена е и одлука кафулињата и продавниците на ски-центрите и планините да не работат за време на викендот, додека во остатокот од земјата сите продажни објекти ќе бидат отворени до сабота напладне, а од тогаш до понеделник во 6 часот наутро ќе работат само продавници за храна, лекови и горива“, изјави епидемиологот д-р Предраг Кон.
Од понеделник средните училишта ќе се префрлат со часови на Интернет. Тој оцени дека епидемиолошката ситуација не може да влијае врз вакцинацијата, која е најдобар начин за превенција против оваа болест. Кон вели дека за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат околу пет милиони жители, што преставува 80 отсто од населението во Србија. Деновиве земјата имаше и над 4.000 заразени на дневно ниво.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.