26 Април, 2024
0.0310

УТРИНСКИ ФОКУС: Летаат откази, ама и нови „партиски“ вработувања- вреди ли животот во Македонија?

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Колку може да вреди човечки живот во Македонија? Сите знаеме дека животот нема цена. Затоа што штетата за детето што нема да ја види мајката никогаш повеќе, за мајката што нема да го гушне синот или ќерката е ненадоместлива.

Што ни помина пред очи од последната трагедија со автобусот во кој загинаа 15 лица и уште десетина се тешко повредени? Ја видовме реалноста во земјава. Траума и солидарност, херои и губитници, огромна загуба, многу дилеми за системот на техничка контрола, безбедност на патиштата...Максималната пропишана вредност на премијата што осигурителот на хаварисаниот автобус на „Дурмо“ ќе ја покрие е 675.000 евра.

Колку вреди живот во македонски автобус?

„Продавам, невен, босилек, нане, но планински чај највеќе се бара. Луѓето го бараат, претежно постарите кои се навикнати да пијат чај затоа што е корисен, но и вкусен, има навистина убав вкус. Од година во година сѐ полошо оди работата. Ако има откуп, и даваат по 40 денари за килограм од одредена билка, сметајте дека вие ако одите и собирате билки во планина, со таа цена дневница не можете да извадите. Има и пензионери кои собираат билки и ги продаваат“, вели  млад битолчанец кој 7 години продава билки, а собира околу 200 видови, при што сите се во различни количини зависно од потребата. 

Откази, ама и нови вработувања во државни фирми...

Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во македонската Влада, е нововработен во АД ЕЛЕМ.  Назми Хани добил работно место како референт во подружница Треска на Електрани на Македонија. Веста ја потврдија и владиниот функционер, како и компанијата за Алсат.

Една од најскапите згради не е вселена, но барем нема повеќе да прави нови трошоци

АД за стопанисување со станбен и деловен простор се уште се нема вселено во барокната зграда во Мал Ринг на која самото претпријатие и е инвеститор со вредност од нешто повеќе од 11 милиони евра, но за прв пат од оваа година нема повеќе да дава пари за нејзината доградба која траеше пет години.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот