26 Април, 2024
0.0398

УТРИНСКИ ФОКУС: Профитот на „Комерцијална банка“ преполовен, „Алкалоид“ ја зголеми добивката

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во фокусот на овој утрински фокус е економијата. Во продолжени ги издвојуваме топ насловите на Фактор овој четврток ..

Се лизна ли „Комерцијална банка“?

„Комерцијална банка“ во првите три месеци годинава има нето приходи од камати во износ од 9,35 милиони евра и тие се за 1,5 милиони евра односно за 14 отсто пониски од нето приходите во истиот период лани.


Владата ги помага, општините трупаат долгови

Државата им даде пари да се раздолжат, ама општините и понатаму се едни од најголемите должници. Според најновите податоци, на крајот на март годинава општините имаат доспеан, а невратен долг вреден 71,6 милиони евра. Ако се споредуваат податоците, на крај на септември лани долгот беше 81,2 милиони евра. 

Наредба за повлекување на роднините на функционери кај кои Антикорупциска најде непотизам...

Наредба да се повлечат од работните места на сите кои беа посочени од Државната комисија за спречување на корупција им даде вчера вечерта премиерот Зоран Заев додека зборуваше на предизборна трибина во Прилеп. Заев рече дека наредува оти само така ќе функционирал системот, ама не пропушти да каже дека со оглед на независноста, комисијата треба да ги посочи вработувањата поврзани со непотизам и на претходната власт.

Алкалоид АД Скопје со раст на приходите во првите три месеци годинава и 55 нови вработувања

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари - Март 2019 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.

Според образложението за остварени резултати објавени на Македонска берза вкупните приходи остварени во периодот Јануари - Март 2019 година изнесуваат 2.138.908 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%. 

**

Македонските физички и правни лица во 2018 биле осудени на вкупна глоба од 35 милиони евра во 2018-та од органите на извршната и правосудната власт кои имаат ингеренции да казнуваат, според вкупната годишна евиденција пријавена од оние што санкционираат до Управата за јавни приходи. - Детали читајте тука...

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра