08 Октомври, 2024
0.0394

УТРИНСКИ ФОКУС: Се менува законот за возила, познати деталите за несреќата кај Велес-Штип

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Вести во фокусот на Фактор овој четврток ...

*

Што ќе биде ново во Законот за возила

Еколошки налепници, субвенции за вградување на плински уреди во возилата и замена на стари со нови возила.Ова се дел од новините кои ќе бидат воведени во новиот Закон за возила.

Мерките поминаа во Собрание а како што информираше министерот Бектеши новина ќе биде и субвенционирањето за вградување уреди на течен нафтен гас или компримиран земјен гас односно метан. - Детали читајте тука.

*

„Тешкашот“ Мицевски и Боки 13: Кои интереси ги поврзуваат?

Беше олигарх на СДСМ, па стана главен играч за ВМРО-ДПМНЕ, а во последните неколку години, неговата фирма Пелистер е една од тие кои имаат најмногу државни тендери. Бизнисменот Силјан Мицевски сега се споменува како жртва во случајот „Рекет“. Ако во овој случај бил вмешан и обвинител на Специјалното јавно обвинителство, тие обвинители нему не му се непознати. Во 2016 влегоа и во неговата компанија, а самиот беше и актер во објавените бомби од Вистината за Македонија.

*

Во што вложува менаџменот на „Комерцијална банка“?

„Комерцијална банка“ оствари добивка од 11 милиони евра за првите шест месеци годинава и тоа е финансиски резултат на намалените нето приходи од камати и зголемените средства што банката ги издвои за резервации особено во вториот квартал годинава. Акционерите на банката треба да ги радува агилноста на менаџментот кој значајно го интензивирал кредитирањето особено во периодот април – јуни во кој кредитното портфолио на банката е зголемено за речиси 33 милиони евра во споредба со нивото на кредитните пласмани од крајот на март годинава. Разбирливо резултат на тоа е зголеменото ниво на резервации за издадените кредити кое пак влијае, макар и привремено, негативно на нивото на добивката.


*

Во иднина такси возилата ќе бидат со жолти таблици

Со цел да се спречи нелојалната конкуренција, државата го прифати барањето на здруженијата за авто-такси превоз.

*

ЈО ПО УВИДОТ НА СООБРАЌАЈКАТА: Вака се случила трагедијата на патот Велес – Штип

-Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење. Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл