20 Мај, 2024
0.0295

Утврдена точната бројка на вработени во јавната администрација

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во јавната администрација, или севкупно во сите органи и тела со јавни овластувања, има вкупно 139 илјади вработени, од кои помал дел се со привремено решение, а дел се од акционерските друштва со државен капитал. Исто така министерството за информатичко општество и администрација ги утврди сите демографски и статистички податоци за вработените во јавниот сектор за 2017 годима/

Податоците во Извештајот се резултат на вкрстена анализа на податоците од Министерство за финансии, Агенција за вработување, МИОА и Фонд за здравствено осигурување.

Според овие податоци во 2017 година имало 1.299 институции и 128.722 лица со работен однос. Оваа бројка е за 931 помала од бројот на вработени во 2016та година. Како што истакна министерот причина за тоа е што конечно се вработува според потребите на институцијата, а не според потребите на партијата на власт.

„Во извештајот за прв пат се објавува бројот на вработени во Акционерските друштва во 100% државна сопственост и вработените преку Агенцијата за привремени вработувања. Во Акционерските друштва има 8.633 вработени, а преку АПВ работно ангажирани се вкупно 1.624. Оваа бројка до мај 2017 била значително поголема -2.064 лица. Вкупната бројка на вработени вклучително АД и АПВ изнесува 139.009 вработени“, информираше министерот Манчевски.

За разлика од овие бројки, Регистарот на вработени, што треба да е основен извор на овие податоци, покажува различна слика, односно 1.304 институции и 69.380 активни решенија. Причина за ова е нередовното и не соодветно внесување и ажурирање на податоците во Регистарот.

„Тоа што сакам да потенцирам е дека активно работиме на конечно решавање на овој проблем. Со таа цел како што знаете променивме 4 закони (Закон за Управа за јавни приходи, Закон за даночна постапка, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување и Закон за вработени во јавниот сектор). Ова резултираше со значително зголемување на внес на податоци во Регистарот. Само за илустрација во  декември 2017 година имало 15.533 организациони единици (сектори, одделенија), додека во март 2018 година нивниот број е 37.615“, истана министерот Манчевски.

По завршувањето на законски предвидениот рок од 3 месеци, за внесување на сите податоци во Регистарот, по што ќе следи санкција со не исплаќање на плати, конечно ќе имаме Регистар кој ќе одговори на задачата за која што во 2014та се платени 2 милиони евра, пари од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола