Увезена српска пченица со тешки метали!
Објавено во: Агробизнис 27 Февруари, 2013 19:18
Српска пченица со зголемено присуство на тешки метали влегла во земјава. Се работи за пет пратки со пченица со вкупна тежина од 330.220 килограми, по потекло од Република Србија, набавени од два различни добавувачи.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека спорните количества се наоѓаат во карантин и се чекаат резултати од супер- анализите. Тврдат дека ниту грам не завршило во промет, бидејќи првичните анализи биле направени уште на граничниот премин кога пристигнале шлеперите.„Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, во рамки на своите редовни активности, при контрола на храната од увоз на граничните премини, утврди зголемена концентрација на тешки метали над дозволените граници пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната. Согласно законските процедури, целокупната количина на сомнителната пченица се наоѓа под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на местото на истовар, и за истите е издадено соодветно Решение за забрана за пуштање во промет. Бидејќи од страна на увозниците е побарано допонително лабораториско испитување (суперанализа), согласно утврдената процедура испратени се мострите од сите пет пратки“, стои во соопштението од Агенцијата.
Од таму велат дека по добивањето на резултатите ќе постапат согласно законските прописи.
Минатата година над 20 тони пченица со олово заврши како добиточна храна, откако компанијата увозник од Битола без да ги дочека резултатите од анализите ја пуштила пченицата во промет, за што фирмата заработи казна од 5.000 евра. Тогаш од 19 камиони со пченица од Украина една од мострите покажа зголемено присуство на олово.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





