Увезени делови за моторцикли одземени во Гевгелија
Објавено во: Мои пари 14 Март, 2013
Царинската испостава од Гевгелија привремено задржа стока на фирма увозник од Прилеп која за царинење пријавила преку 9.000 делови за моторцикли со потекло од Кина во вредност од 300.000 денари.
При контролата цариските службаници утврдиле дека пријавените делови се означени со логото на словенечката трговска марка „Томос“ и поради сомневање дека се работи за фалсификати на заштитена марка, стоката е времено одземена.
Доколку би се продавала како оригинал, пазарната вредност на сомнителната стока би достигнала околу 750.000 денари. Следува постапка за утврдување на оригиналноста на стоката согласно законот за заштита на интелектуална сопственост