05 Декември, 2025
0.0387

Увозот го сотре домашниот домат, земјоделците најавуваат блокади!

Објавено во: Агробизнис 24 Јуни, 2015 08:16

Добивај вести на Viber

Вишокот на домати во струмичко секојдневно се зголемува, земјоделците во неможност да го продадат го фрлаат родот. Голем дел од производството скапува по нивите и пазарите на големо. Во моментов вишокот на домати во струмичкиот регион е околу 10.000 тони, а секојдневно стасува нов род за берба. Откупната цена и натаму е од 8 до 10 денари за килограм, што според земјоделците  е нерентабилна. Од дел од земјоделските здруженија повторно најавија блокади на граничните премини и автопатите, доколку Владата не им помогне во решавње на проблемот со пласманот. Проблемот земјоделците го лоцираат во големиот увоз на домати од Албанија и другите земји, во период кога на домашен терен во ек е бербата на градинарските производи. -Ова не е прв пат да се фрла родот, што е доказ дека Владата нема стратегија за заштита на домашното производство.Во сезона на производство, кај нас се увезуваат градинарски производи од Албанија. Иако законски е дозволен увоз на градинарски производи под контролирани услови до 15 април, а на производство под пластеници до 15 –ти мај, сепак кај нас сеуште се увезува.Оправдувањето е дека ние сме членки на ЦЕФТА, но тогаш зошто не ни излегоа во пресрет пред десеттина дена кога побаравме  да се дозволи интервентен извоз, а Владата да помогне во покривање на разликата со 8 денари за килограм. Сега откупот е многу мал, дневно се откупува од 50 до 100 тони домати по цена од 8 денари, а нашата производна цена е 20 до 22 денари, дополнително зголемени се цените на репроматеријалите. Откупните центри велат не можат да откупуваат поголеми количини оти биле преполни, вели Ристо Велков. Намалување на откупните цени има кај другите земјоделски производи. Така килограм се откупува по 1 до два денари, краставиците се откупуваат од 4 до 5 денари за килограм, компирот од 5 до 8 денари за килограм, откупната цена на лутиот пипер е 4 денари, а благата пиперка се откупува по 25 денари за килограм. И додека откупните цени паѓаат, потрошувачите се жалат на високи цени на зеленчукот. И според последните статистички податоци, малопродажните  цени на зеленчукот се зголемиле за 10 отсто. -Од една страна откупните цени се екстремно ниски, а од друга страна на зелените пазари потрошувачите за килограм домати плаќаат од 50 до 65 денари, за пиперките и над 70 денари. Значи во целата состојба на грбот на земјоделецот и на џебот на поторшувачот, единствено ќар имаат трговците, зелената мафија царува и профитира на нашата мака. Се прашувам зошто не профункционира никогаш израелската компанија Агриленд која требаше да се грижи да го откупува вишокот на земјоделски производи, ни килограм не откупи. Добивме информација  дека компанијата е затворена поради големи трошоци, вели Велков. Земјоделските задруги како решение за сигурен пласман Според дел од агроекономистите земјоделците можат да си обезбедат  сигурен пласман на производите и да им се спротистават на трговците и прекупците  единствено преку окрупнување, односно формирање на земјоделски задруги и кластери преку кои со договори ќе настапат заеднички на пазарот. Во сегашниот случај агроекономистите сметаат дека Владата не може да помогне бидејќи Македонија е членка на ЦЕФТА и има договор за слободна трговија  со другите земји членки. -Единстевниот спас е окрупнувањето преку земјоделски задруги и кластери. Кога самите не знаат да се организираат, државата не може во тоа да им помогне, еве им дава субвенции за задруги. Во тие земјоделски задруги може да вработатат некој што ќе го следи пазарот и производството и ќе ги советува како и колку да произведуваат, ќе врши истражувања, преку задругата ќе набавуваат поевтини репроматеријали. Вака неорганизирани им оставаат на трговците да профитираат на нивниот грб. Ние сме членки на ЦЕФТА, имаме договор за слободна трговија и тука државата не може ништо да направи, не може да стимулира извоз бидејќи не смее.Нашите земјоделци треба да сватат дека не можат да настапуваат поединечно, тоа го нема никаде во свет. Кога на пример еве во струмичкиот регион ќе се организираат во две-три задруги, ќе произведуваат од исто семе, ќе добијат конкурентен производ и кога ќе им понудат договор на трговците ќе бидат повеќе ценети. Сега со усмен договор само произведуваат во магла. Ако има конкуренција, нашите земјоделци мора да научат да се натпреваруваат со таа конкуренција, вели агроекономистот Борис Анакиев. И земјоделците се согласуваат дека преку задругите можат да обезбедат сигурен пласман, но велат дека досега голем дел од тие што се отвориле не профункционирале.Велат дека сега немаат договори со откупувачите. Според земјоделците едно од решенијата за проблемот со пласманот е и обезбедувањето на ладилници за складирање на производите и на тој начин тие да ја диктираат цената. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?