В НЕДЕЛА ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА И ВО ХРВАТСКА: Првите 9.000 дози од Фајзер наменети за здравствените работници и за домовите за стари лица
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2020
Имунизацијата
против Ковид-19 во Хрватска ќе почне во недела на 27.декември, истовремено со
започнувањето на вакцинацијата и во останатите земји на ЕУ. Според премиерот
Андреј Пленковиќ, првите кои ќе ја примат вакцината на Факзер и Бионтек ќе
бидат штитениците во домовите за стари лица, како и здравствените работници.
Првите 9.750 дози ќе пристигнат во земјата задутре, еден ден по Божик, а Пленковиќ изјави дека вакцината е бесплатна и е на доброволна основа.
-Сакаме што повеќе граѓани да се вакцинираат. Пред нас е аргументирана расправа што повеќе луѓе да одлучат да се вакцинираат. Целта е да се вакцинираат најмалку 70% од граѓаните, а досега се обезбедени скоро шест милиони дози од вакцината, изјави хрватскиот премиер.
Освен еден милион дози од вакцината на Фајзер и Бионтек, Хрватска набави и 2,7 милиони од Астра Зенека, 900.000 дози од Џонсон& Џонсон, еден милион дози од Модерна и 300.000 од Кјурвак.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.