Вагнер отвори канцеларија во Србија
Објавено во: Балкан 07 Декември, 2022 18:16
Платеничката група Вагнер отвори „центар за пријателство и соработка“ во Србија. Велат дека целта е да зајакнат врските меѓу двете земји.
Руската приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ, на Telegram објави дека во Србија e формиран нивeн „резидентен културен и информативен центар за пријателство и соработка Орли“, пренесува Danas.rs.
„Идеолог и водач на Центарот е Александар Лисов“, наведуваат на платформата Telegram.
Потсетуваат дека во 2017 година „како резултат на неговите добротворни активности, приштинските власти го вклучиле Лисов во списокот на лица на кои им е забранет влез на територијата на непризнатата Република Косово“.
Ивана Страднер, научен соработник на Американскиот фонд за одбрана на демократијата и експерт за хибридна војна, руска пропаганда и дезинформации кажа дека пред неколку месеци најавила ваков тип на соработка меѓу Русија и Србија.Инаку, Вагнер групаат војува во Украина. На видео кое беше објавено можеше да се види дека регрутираат затвореници и ветуваат помали казни.
Многу Руси избегаа од Русија и најдоа засолниште во Србија. Тие заминаа во странство за да ја избегнат мобилизацијата. Инаку, неколку српски граѓани загинаа во Украина, борејќи се на руската страна.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




