Вајгл: Ако кризата се продолжи може да доведе до сериозни реперкусии
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017 08:10
Демонстрациите во Македонија се организирани и како такви не се добродојдено оружје во рацете на демократијата изјави европратеникот, Иво Вајгл во интервју за „Нова ТВ“ по неговата посета на Скопје.
Доколку кризата не се реши, Вајгл рече дека ќе покренат расправа во Европскиот парламент за да се утврди кој е ставот кон Македонија и кон политиката во земјата и македонските државјани.
„Нема да се гласа за извештајот. Тоа може да се сфати како опомена или како некој вид на санкција. Јасно е дека ЕУ има и други инструменти, почнувајќи од финансиски. Ако кризата се продолжи, ако тоа може да доведе до сериозни реперкусии до нестабилност во регионот и во Македонија, ќе треба да се разговара и за други чекори “– вели Вајгл.
Во однос на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се сретне со еврокомесарот Јоханес Хан, со него, како и со останатите европратениците Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн затоа што доцна се враќал во Македонија, Вајгл вели дека доволно долго останале и дека ако сакал, Иванов можел да се сретне со нив.
„Тој очигледно не сакаше да се сретне со нас. Ја прочитав неговата порака дека кажал што има да каже, па сега нека зборува народот. Таа порака не може да се разбере поинаку освен како повикување на луѓето на улица, и мислам дека тоа е еден многу неодговорен повик“ - додава Вајгл.
Кажа дека тој и во разговорите со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рекол дека демонстрациите секогаш се право луѓето да го изразат своето мислење, но опасно е кога постои реален сомнеж дека демонтрациите се всушност организирани со цел да се подгрее ситуацијата и со намера да се продлабочат поделбите меѓу луѓето.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




