17 Јануари, 2025
0.0298

Вајгл: Избори ќе има, политичарите да си најдат добри адвокати

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Европратеникот Иво Вајгл вели дека избори на 11-ти декември ќе има, а тоа што екои од политичките партии сè уште не почнале да се подготвуваат за политичка кампања, само значи дека ќе загубат на избори. 

Овој одговор Вајгл го посочува како одговор на укажувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, дека во разговор со претставниците на политичките партии во Македонија, може да се донесе заклучок дека ВМРО–ДПМНЕ не ги ни започнала своите предизборни активности во локалните партиски штабови. Како што соопшти Вајгл, овој податок го добил и тој при последната посета во Скопје. 

Цивил пишува и дека ставот оти изборите закажани за 11-ти декември нема да се одложат, го делат и европратениците Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои во Европскиот парламент одржаа средба со претставници на граѓанскиот сектор во Македонија

Во однос на СЈО европратениците се согласни дека на СЈО треба да му се овозможат услови да ја заврши работата во предвидениот мандат.

„Непродолжувањето на мандатот на СЈО, ќе влијае врз започнување на нови истраги, но истрагите кои веќе се во тек, ќе продолжат“, истакна Ховит, според кого, СЈО и покрај сите критики од дел од пратениците, покажа дека е транспарентна институција која во своите истраги е неселективна и непартиска.

„На дел од политичарите во Македонија, веќе им препорачав да си најдат добри адвокати“, вели Вајгл, кој уште еднаш безрезервно го поддржа СЈО.

Европратениците средбата ја завршија оптимистички, дека ситуацијата во Македонија по изборите на 11-ти декември, конечно ќе се подобри и нема да се повтори политичката криза во која живееме изминатите две години.

Можеби ќе ве интересира

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга