15 Јануари, 2025
0.0268

Вајгл за Фактор: Повикот на Иванов за бојкот е неприфатлив

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го бојкотира претстојниот референдум е неприфатлива, а Европската Унија ја осудува неговата изјава, вели известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Иво Вајгл. Во ексклузивен разговор за Фактор, словенечкиот европратеник вели дека граѓаните од Македонија се наоѓаат пред историска одлука чиј исход треба да го трасира патот на земјата за влез во НАТО и за започнување на преговарачкиот процес во Унијата.

„Јас мислам  дека македонскиот народ одлучува за својата иднина. Тоа гласање не е само за одлука за прашањето што се однесува со Грција, туку ова прашање ја дефинира евроатланската иднина на земјата. Ова е историски момент  и уникатна можност Македонија да се приближи кон најнапредниот дел на Европа, а тоа е ЕУ. Од друга страна така земјата ќе ја загарантира и својата сигурност и безбедност во НАТО алијансата. Овие две интеграции се многу потребни  за граѓаните и затоа е потребно тие да го поддржат гласањето и да излезат на референдум.

Има повици и за бојкот на референдумот. Најголемата опозициска партија, пак, ги повика граѓаните сами да ја донесат одлуката. Како ги оценувате овие ставови?

„ВМРО- ДПМНЕ  дава контроверзни изјави кои не водат кон ништо. Изјавата на претседателот Ѓорге Иванов за бојкот е потполно неприфатлива, Европската Унија ги осудува. Иванов  и во минатото правеше чекори кои Брисел ги осуди. Не е наше да го оценуваме, но неговиот став не и помага на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ треба да остане конзистентна на своите рани делувања  кога се трудеше да ја внесе Македонија во НАТО и да отпочне преговои со Европската Унија. Опозицијата треба да продолжи со тоа делување и достигнување, а не да го врти грбот. Дури, важно е да се каже дека европските народни партии во најголем дел го поддржуваат реферндумот. Ако ВМРО ДПМНЕ и натаму продолжи со двосмислени изјави може да ги изгуби пријателите во Европската народна партија.

Но што ако референдумот биде неуспешен?

„Тоа ќе биде лош чекор за земјата и лоша порака која ќе стаса до Брисел. Втора шанса нема да има во догледно време. Не беше лесно да се добие поддршка за проширување, уште потешко да се натераат Грција и Бугарија да ја поддржат Македонија за влез во НАТО и во ЕУ.

Не знам дали и во догледна иднина ќе ги имате ваква можност, дали вашите внуци ќе добијат нова шанса. Можам да кажам дека ако одлучите за бојкот тоа ќе значи гасење на политичката иднина на Македонија.

Најавивте продолжение на дијалогот од процесот „Жан Моне“. Кога доаѓате во Скопје на средба со македонските пратеници?

„Да видиме како ќе помине ова. Се чека прво ратификација на преспанскиот договор во македонскиот Парламент. Потоа со пратениците ќе ја договориме агендата за точките и за разговорите. До крајот на годинава треба да продолжи дијалогот кој е дел од процесот „Жан Моне“. Суштински е да се работи на дијалогот меѓу власта и опозицијата.

Ѓ.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

НАЈЧЕСТИ СЕ СКРШЕНИЦИТЕ НА КОЛКОТ И НА РАЧНИОТ ЗГЛОБ: Проф. д-р Камнар за сериозните повреди на подмрзнати површини

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ПОРАСТ НА БОЛНИТЕ ОД ГРИП, НАСТИНКИ, КОВИД Е ОЧЕКУВАН, ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НЕ НИ ПРАШУВАЈТЕ, КАЈ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ГО ПРОЛОНГИРА ОЗДРАВУВАЊЕТО: Д-р Трајковски со став

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ЈАС ГИ ДОНЕСОВ ГРУБИ И ОСМАНИ ВО ДУИ, НО НЕ БАРАВ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ПАПАТА: Меџити распали за неговите некогашни сопартијци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот