ВАКА ГРЦИТЕ ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ВО ТУРИЗМОТ: Нудат ваучери за откажаните патувања
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Април, 2020 15:27
Одредбата на грчката Влада се однесува на раскинување на договорите помеѓу туристичките компании и нивните клиенти за давање на туристички услуги поединечно или во форма на организирано патување (пакет).
Тие се раскинуваат од 25 февруари 2020 до 30 септември 2020 година.
Туристичката компанија е должна да му го врати на клиентот износот што клиентот го платил однапред.
Станува збор за делумно или вкупно враќање на парите или која било друга форма за извршување на договорот.
Туристичката компанија може да му понуди на клиентот еднаква кредитна нота од осумнаесет (18) месеци (ваучер) наместо да ги врати парите.
Агенцијата го известува клиентот писмено за понудата на кредитната нота во рок од триесет (30) дена од денот на раскинување на договорот или во рок од триесет (30) денови од влегувањето во сила на истиот.
Доколку туристичката компанија не го извести клиентот писмено за понудата на кредитната нота во рок од 30 дена, туристичката компанија е должна да му го врати на клиентот, износот што е доспеан.
По препорака од Министерството за туризам, вклучени се одредби на министрите за инфраструктура - транспорт и испорака, кои даваат иста можност за 18-месечен ваучер за долгови настанати од откажување на поморските патувања и откажувањата на летови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





