ВАКА НЕ ЈА БИДУВА: Хан доаѓа во вторник да го предомислува Иванов за мандатот!
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 20:06
И покрај бројните пораки кои дојдоа од Брисел, САД, Германија и од каде ли не, претседателот Иванов не попушти и не му го даде мандатот на опозицискиот лидер кој што обезбеди потписи за парламентарно мнозинство.
Токму недоделувањето на мандатот најверојатно е причина поради која европскиот комесар кој учествуваше како посредник во преговорите меѓу партиите, за доаѓање во главниот град во вторник.
Се очекува „од актовката“ Јоханес Хан да извади засилен притисок врз претседателот Иванов.
Дел од медиумите брифираат повикувајќи се на неофицијални извори од Европската комисија дека Хан доаѓа за да го предомисли шефот на државата, пред да одлета за Австралија, а кој моментално се наоѓа во Азербејџан на службено патување.
Засега е неизвесно дали Хан ќе има средби и со лидерите на партиите.
Деновиве пак продолжија консултациите на опозицијата со партиите од албанскиот блок кои и дадоа потписи за мнозинство, а можно е до петок да се свика собранието и да се избере претседател на Парламентот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




