ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ЕДНАШ ГОДИШНО: Мутациите може да влијаат на ефикасноста на вакцините
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2021
Можеби ќе треба
вакцината против Ковид-19 да се прима секоја година, сосема исто како против
сезонскиот грип, вели извршниот директор на американската компанија „Џонсон и
Џонсон“, Алекс Горски.
Во изјава за „CNBC“, тој вели дека иако корона вирусот споро еволуира, сепак тој прави многу мутации кои може да имаат влијание на ефикасноста и на терапиите, но и на самата вакцина.
-Секој пат кога мутира, тоа е скоро како уште еден клик на бројчаникот, така да кажам, каде што можеме да видиме друга варијанта, друга мутација што може да влијае на неговата способност да се одбрани од антитела или да има поинаква реакција не само на терапијата, но и на вакцината, вели Горски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.