Вакцинираните Срби ќе можат да одат на спортски натпревари
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Март, 2021
Српските граѓани кои ги примиле двете вакцини во Србија, може да одат на спортски натпревари и концерти.
Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека е време Кризниот штаб да донесе одлука оние што се ревакцинирани да можат да присуствуваат на спортски натпревари. Понатаму, се бара да им се дозволи да одат и на други манифестации. Весиќ вели дека доколку некој е вакциниран и ја послушал својата држава, треба да му се овозможи да живее нормално, а не да ја плаќа цената за оние кои се неодговорни.
„Секако, на стадионот, дури и ако сте повторно вакцинирани, треба да ја почитувате дистанцата и сите пропишани мерки. Што се однесува до невакцинираните, треба да се размисли да им се дозволи влез доколку донесат негативен тест на вирусот Ковид-19, стар 24 часа“, изјави Весиќ за ТВ Хепи.
Градот Белград бара строго да се контролираат постојните мерки, да не се воведуваат нови ограничувања.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.