Валандовските земјоделци бараат да се отворат нови откупни и дистрибутивни центри
Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2013 12:00
Валандовските земјоделци бараат нови откупни и дистрибутивни центри за пласман на нивното производство. Фармерите од овој регион велат дека мора да се отворат повеќе откупни центри каде ќе се пласира родот, бидејќи губат време и средства превезувајќи ги земјоделските производи. Велат дека поголемата конкуренција ќе им даде простор да одберат каде ќе продаваат, објави „Канал 5“. Првиот човек на Валандово вели дека општината има урбанизирано повеќе локации за оваа намена, а веќе имаат и потенцијални инвеститори заинтересирани за изградба на голем откупно-дистрибутивен центар. Валандовските земјоделци се големи производители на грозје, калинки и јапонски јаболки, но се повеќе одгледуваат и раноградинарски култури.
.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





