ВАНЕ ЦВЕТАНОВ, ПОРАНЕШЕН ВЛАДИН ФУНКЦИОНЕР, ИМА НОВА ЉУБОВ - еве зошто беше разрешен пред една година
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2023 06:47
Ване Цветанов, поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, има нова љубов.
Фотографија од новата избраничка на Цветанов објави самиот тој на социјалната мрежа фејсбук.
„Животот е еден и треба да се живее. Бранко Црвенковски“, напиша Цветанов на својот фејсбук профил, заедно со фотографијата на која тој е прегрнат со неговата нова партнерка.
Како што е познато, претходно сопруга на Цветанов му беше менекенката Дунавка Трифуновска, поради која на некој начин и беше разрешен од владината функција во март минатата година. Попецизно, причина за разрешувањето беше фактот што тој ја имаше ангажирано Дунавка да му помага во институцијата во Владата со која раководеше речиси три години.
Од Владата тогаш потврдија дека на седница била донесена одлука Цветанов да биде разрешен од функцијата која ја врши.
Исто така, како што тогаш пишуваа медиумите, Цветанов со себе ја водел Дунавка, која е поранешна мис на Македонија, и на службени патувања во земјава и странство. Цветанов на 9 март за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека е вистина оти Дунавка доаѓа во институцијата и му помага, но за тоа не зема ниту денар државни пари односно има договор за нула денари.
„Нормално дека жена ми ќе дојде да ми помогне во работењето кога гледа дома колку работа имам, а немам доволно вработени. Министерството за финансии не ми одобрува вработувања, а пред две години една вработена замина во пензија, лани во март и сметководителка ја напушти институцијата. И покрај тоа што законски ми следуваат вработувања и имаме пари, министерот за финасии не ми одобрува вработувања. Затоа Дунавка ми помага, а за тоа не добива ниту денар и немам зошто тоа да го кријам“, изјави Цветанов.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




