Ванхауте: ВМРО-ДПМНЕ сака да владее, но по нивни услови
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017
Поранешниот белгиски посредник, Питер Ванхауте се огласи на социјалните мрежи за најновите случувања во Македонија.
Тој пишува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не успеал да состави влада со ДУИ.
„Да, ВМРО-ДПМНЕ сака да владее, но по нивни услови, сметајќи ја албанската заедница како граѓани од втор ред. Му требаат за кворум, но сака да работи без нив ако може. Сега, можеме единствено да чекаме претседателот да му овозможи на друг да оформи влада“ - пишува тој.
Наведува дека ќе биде голем грешка ако мандатот се даде на друг претставник на партијата, затоа што Груевски не настапува како индивидуа, туку како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Ванхауте смета дека мандатот треба да го добие втората партија која има најголем број на мандати.
Тој потсетува дека Македонија се стреми да влезе во ЕУ и НАТО каде демократските стандарди се почитуваат.