ВАЊА ЗА ПРОЕКТ НА УЧИЛИШТЕ, МУ НАПИШАЛА ПИСМО ЗА БЛАГОДАРНОСТ НА ТАТКО И: Наставничката пред неколку дена напишала статус за девојчето
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2023 06:10
На социјалните мрежи се споделува статус кој наводно, пред неколку дена го споделила наставничката на убиената Вања Ѓорчевска, а во кое таа тврди дека за Денот на благодарноста, учениците имале задача да пишуваат за личноста на која најмногу и' се благодарни. Вања напишала писмо за својот татко....
„Читам, се шири низ етеров "Писмо на една мајка". Може одговара за многу деца и мајки низ светов, но не и за Вања. Вања е едно мило и емпатично дете, не би презела активности за да повреди или казни некого, дури и кога е лута. Правевме социјален експеримент за Денот на благодарноста, дел од задачата беше да пишуваат за личноста на која најмногу и' се благодарни. Таа му напиша писмо на татко и'. Такви се и голем дел од децата во таа паралелка, има на кого да му се довери и кој да и' понуди вистинска помош. Знае и дека во понеделник, на класен час, Цвете веднаш ќе ја побара и, во ситуацијава, фала Богу што е Цвете толку одговорен човек. Затоа ми е толку нереална целава ситуација. Нереално страшни ми се и некои профили со гној место душа, ама за нив во друга прилика... И верувам дека ќе ја најдеме, животот не може да е толку нефер“ се наведува во статусот.
Ова е наводен статус кој наставничката на Вања го напишала пред Вања да биде пронајдена мртва.

Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




