ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет
Објавено во: Македонија 18 Април, 2024
Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска, преку разговор со граѓани на социјалните мрежи вети дека ќе се заложи за намалување на воениот буџет, а останатите средства ќе ги префрли на образованието. Таа вети и дека ќе преземе мерки за да се спречи иселувањето на младите.
Ванковска рече дека предноста ќе ја кажат граѓаните на денот на изборите.