Вардакс е подготвен веднаш да започне со работа
Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2017 13:25
Во однос на нафтоводот којшто ја поврзува ОКТА АД – Скопје со Рафинеријата во Солун, Хеленик Петролеум Групацијата ја даде следнава изјава:
„Вардакс С.А., нашата подружница, која што е сопственик на нафтоводот, е подготвена веднаш да започне со работа со цел нафтоводот повторно да биде во употреба за транспорт на нафтени производи до Скопје. Сакаме да нагласиме дека нафтоводот е лиценциран за работа за транспорт на сурова нафта и нафтени производи. По чистењето на нафтоводот и во последните две години, Владата одбиваше да даде дозвола за работа на нафтоводот, повикувајќи се на различни технички причини. Во текот на горенаведениот период, Хеленик Петролеум Групацијата во неколку наврати во писмена форма бараше објаснување за кои било технички или други пречки за таквото одложување, сепак овие писма останаа неодговорени се досега.Ние сме среќни дека, како што дознавме од медиумите, постојат работни групи во Владата кои започнале да работат на ова прашање. Тоа ни дава зелено светло дека прашањето треба да се реши лесно, имајќи предвид дека преку работата на нафтоводот сите проблеми кои се поврзани со превоз на нафтените производи со цистерна или со воз ќе бидат отстранети. Неодамна две активности се преземени од страна на Вардакс С.А., и ОКТА АД (подружницата на Хеленик Петролеум во Скопје): ОКТА има поднесено барање за увоз на нафтени деривати преку нафтоводот, а Вардакс на 15 јули 2014 година во Министерството за економија поднесе барање за одобрување на Правила за работа на нафтоводот. Ние сме сигурни дека функционирањето на нафтоводот е во интерес на Владата која што поседува 20% од капиталот на компанијата Вардакс и многу брзо можеме да најдеме начин да го ставиме во употреба."
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




