23 Ноември, 2024
0.0286

ВАРХЕИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА - Ги надминавте границите на политичката култура, ако велите дека сте за европска иднина, сега докажете го тоа

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот Оливер Вархеи денеска од Брисел испорача жестока порака до македонската опозиција, а таа е дека тие во своите изјави досега ги преминале границите на политичката култура, и дека е редно и да докажат дека тие се навистина посветени на европската иднина на земјава.

Вархеи беше дециден дека македонскиот Устав ќе мора да се промени.

Овој одговор Вархеи го даде на децидното новинарско прашање дали е уверен дека ќе се направат потребните измени на Уставот, со оглед што опозицијата не само што се противи, туку и најави референдум за ова прашање, на пресконференцијата по Меѓувладината конференција.

„За промените во Уставот е јасно дека ќе мора да се направат. Впрочем, Владата имаше сериозен ангажман, а за сето тоа и досега Парламентот беше тој што и даде овластување. Очекувам дека сите политички партии, вклучително и оние од опозицијата, ќе работат на европската иднина на државата, и нема да продолжат со контроверзи и емоции, кои нема да ја носат земјата напред“, рече Вархеи. 

Натаму, тој рече дека многу граници на политичката култура, се преминати од страна на опозицијата.

„Се надевам дека тоа ќе се смени, бидејќи опозицијата постојано тврди дека е посветена на европската иднина на државата. Сега нека го докажат тоа“, рече Вархеи.

Во врска со тоа дали и следните години ќе има Извештаи од ЕК за членот 12 од Договорот за добрососедство, еврокомесарот нагласи дека и досега имало известувања за исполнување на барањата за добрососедство, и тоа за сите држави, исто како и за Македонија, иако не било многу медиумски потенцирано, а тоа ЕК ќе продолжи да го прави и во иднина.

На прашањето како ќе се обезбедат уставни измени премиерот Димитар Ковачевски рече дека ова е истороски ден за земјава, а за такви историски одлуки биле заслужни и Киро Глигоров, Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Борис Трајковски, како и Владата на Зоран Заев. 

За однесувањето на опозицијата Ковачевски рече дека во Парламентот се изнаслушавме се и сешто, притоа и недолични зборови и однесувања, но очекува тоа да се смени, бидејќи, како што нагласи, пропаднале сите шпекулации.

„Денес Република Северна Македонија одржа меѓувладина конференција, јас говорев на македонски јазик, денес потпретседателот на ЕК зборуваше дека нашиот идентитет ќе стане посилен во ЕУ, денес држам прес-конференција на македонски јазик“, порача премиерот оценувајќи дека сите манипулации од опозицијата паднале во вода.

Одговорност и на опозицијата е да учествува во дебата и понатаму, политичарот не смее да мисли само на својот рејтинг туку и на иднината, се дел од пораките што ги испрати премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел по одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

„Одговорност е на опозицијата е да учествуваат во оваа дебата и понатаму. Ќе има многу чекори понатаму до финалното зачленување. Точно е, Собранието го донесе првиот чекор и тоа е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот и четвртиот чекор до финалното зачленување. Одговорност е на секој политичар е да мисли за иднината на државата и идните генерации, не смее да мисли само на својот личен рејтинг и на својата политичка кариера. Се водевме од иднината на држава, од донесување одлука која ќе овозможи иднина и просперитет за сите граѓани на државата и верувам дека сите пратеници во Собранието ќе бидат одговорни и во служба на граѓаните“, рече премиерот.

Инаку, неофцијално се дознава дека на затворениот дел, Бугарите го поздравиле одржувањето на Првата Меѓувладина конференција, и изразиле задоволство што може да се одржи. Тие рекле дека ова бараше ангажман и зрелост, а францускиот предлог е резултат на прифатен компромис од двете страни, и рекле дека Бугарија го поддржува европскиот пат на Македонија.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание