Вархеји најави помош за Македонија за ублажување на шокот од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020 19:17
Определивме првична финансиска помош и ги утврдуваме начините за ублажување на социо-економските последици од кризата со коронавирусот, порача еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.
Тој денеска со писмо го информираше премиерот, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.
„Вархеји во писмото наведува дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата. Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка. Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот“, информираат од Владата.Во соработка со Советот за регионална соработка, Секретаријатите на ЦЕФТА и на Транспортната заедница се утврдуваат начините за непречен транспорт на стоки во регионот и во Европската Унија.
Во Македонија од Ковид 19 се заразени 177 луѓе. Досега починаа тројца луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





