Вархеји во Скопје за притисоците од Бугарија: Оставете дипломатијата да функционира
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за притисоците од Бугарија на сметка на Македонија кон земјите-членки на ЕУ во пресрет на одлуката за датум за отпочнување на преговорите, рече дека „дипломатијата ќе функционира и ќе ги реши проблемите“.
- Јас сум свесен за чувствителноста, сакам да ве замолам за трпение, дипломатијата ќе функционира, тоа го видовме во многу други примери, како со Преспанскиот договор. Сите услови се исполнети за почеток на првата меѓувладина конференција. Се движиме според планот, рече Вархеји, кој во Скопје допатува по објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Тој повика двете земји соседи да изнајдат побргу заедничко решение за спорот, бидејќи тоа, според Вархеји, ќе ја забрза интеграцијата на Македонија.- Јас можам само да го повторам тоа дека е во интерес и на Бугарија и на Македонија да најдат решение. Ова е моментот да се постигне договор. Ќе биде тешко да се придвижат напред работите без решение.. Гледам дека премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев се посветени, а и ние ќе помогнеме колку што можеме во процесот, рече европскиот функционер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.