19 Мај, 2024
0.0303

Варуфакис: Практично не е возможно враќање на драхмата

Објавено во: Балкан, Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Грција не е во состојба да печати драхми, бидејќи „беа уништени“, посочил денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Ние немаме можност да печатиме драхми“, изјавил Варуфакис за австралиското државно радио „ABC“.

Во 2000 година, една година пред Грција да се присоедини кон еврозоната, „една од мерките кои ги зедовме, беше да се ослободиме од сите наши драхми“, објаснил Варуфакис. „Девизната унија е неповратна“, истакнал тој.

Порастот на тензиите меѓу Атина, која на 30 јуни не им плати 1,5 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд, и меѓународните кредитори создава загриженост дека Грција технички нема да биде во можност да остане во еврозоната и ќе треба да се врати на старата парична единица.

Сегашните лидери на земјата и особено министерот за финансии Варуфакис ја нагласуваат решеноста на земјата да не ја напушта монетарната унија. Варуфакис секој пат истакнува дека тоа не е можно.

„Ние очајно сакаме да останеме во еврозоната, иако ја критикуваме нејзината институционална рамка“, повторил денес Варуфакис за „Bloomberg“.

Исто така во разговорот со медиумот тој истакнал дека со решение „Да“ на референдумот тој ќе поднесе оставка. Претходно тој изјавил и за „ABC“. „Претпочитам да ја отсечам раката, отколку да потпишам договор кој не вклучува реструктуирање на долгот“, додал тој.

Во меѓувреме денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика Грците кон „национално единство“ за „надминување на привремените потешкотии“, кои ги преживува земјата. Истовремено, тој ветил дека следниот ден по референдумот во неделата, земјата „ќе биде обединета“.

„Следниот ден по референдумот ние сите ќе бидеме обединети“, за да се обидеме да ги надминеме „привремените потешкотии“, кои ги преживува земјата, посочил Ципрас по средбата со министерот за одбрана и лидер на партија „Независни Грци“ Панос Каменос. Партијата „Независни Грци“ учествува во коалициската влада заедно со радикалната левица „СИРИЗА“.

Овој повик кон национално единство е упатен три дена пред референдумот, свикан по одлука на владата, и се однесува на новите мерки за штедење, предложени од меѓународните кредитори.

Прашањето за референдумот силно ги раздели избирачите во Грција, како гласањето со „да“ се согледува од доверителите како знак за продолжување на „европската“ ориентација на земјата, а гласањето со „не“ се поврзува со евентуално излегување на земјата од еврозоната.

„Треба да се почитува демократската процедура и да се зачува националното единство“, истакнал Ципрас.

Во понеделникот за време на говорот грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјавил дека владата ќе продолжи напред така, како што ќе решат грчките граѓани на референдумот во неделата. „Ако избирачите ја отфрлат понудата на доверителите, тоа ќе ни обезбеди силна преговарачка позиција“, додал тој. Во изјавата, исто така се забележува и навестување дека ако избирачите сепак ги одобрат предложените услови од меѓународните институции , премиерот ќе поднесе оставка.

И додека тој ги повикува гласачите да гласаат со „не“ на референдумот, тројца од 13-те пратеници од „Независни Грци“ јасно се изјаснија денеска против одлуката за организирање на референдум и во корист на гласање со „да“  наспроти гласините за несогласувања меѓу владејачкото мнозинство.

„Го молам претседателот на републиката да ги свика лидерите на партиите и да го поништи референдумот, ние немаме мандат да ги затвориме банките и да наметнуваме прилог на банкарските депозити“, изјавил пратеникот од „Независни Грци“ Василис Кокалис.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс