Варуфакис: Тврдоглавоста на Еврогрупата и наштети на нејзиниот авторитет
Објавено во: Балкан, Економија 28 Јуни, 2015 11:17
Одбивањето на Еврогрупата да го продолжи по 30 јуни времетраењето на планот за финансиска помош на Грција крие опасност да нанесе траен удар по еврозоната, изјави синоќа на крајот на седницата на Еврогрупата грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
"Одбивањето на продолжување на програмата за помош сигурно ќе наштети на авторитетот на Еврогрупата како демократска заедница и се плашам дека оваа штета може да се покаже како трајна", рече грчкиот министер за финансии, чија земја порано ги отфрли предлозите на доверители, за да избегне прогласување на неликвидност.
Грција "продолжува да се бори за постигнување договор во последната минута до вторник" кога земјата се соочува со опасноста од банкрот, ако не се договори со доверителите, додаде Варуфакис на специјална прес-конференција, откако ја напушти седницата на министрите за финансии, која продолжи без грчки претставници.
"Ако таков договор се постигне, тогаш ние ќе кажеме на грчкиот народ да гласа со" да "на референдумот, кој Атина одлучи да организира на 5 јули", додаде Варуфакис.
Последната реченица сепак противречи на акутниот тон со кој доцна во ноќта грчкиот премиер Алексис Ципрас го објави организирањето на референдумот. Во своето обраќање до избирачите тој го нарекува планот на доверителите "неподносливо бреме" за нацијата и ги повика Грците да дадат "категоричен одговор" на "овој ултиматум".
"Грција, е уценета да прифатиме кастрење на трошоците и една понижувачка програма за кратенки која нема крај и нема поглед да ни застане на нозе, ве повикувам да одлучите патриотски и гордо, како заповед на горда историја на Грците", рече Ципраа.
Без договор и одобрување од страна на парламентите во Грција и другите земји од еврозоната до 30 јуни блокираните итни кредити ќе пропаднат. Станува збор за околу 7,2 милијарди евра, обезбедени од Европејците и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Освен тоа нема да може да се користат и околу 11 милијарди евра, кои беа наменети за стабилизација на грчките банки. И покрај своите финансиски тешкотии сепак на 30 јуни Грција ќе мора да го отплати кредитот во износ од 1,540 милијарди евра конММФ.
Потсетуваме дека во ноќта на петок спроти сабота грчкиот премиер Алексис Ципрас објави свикување на референдум за следната недела.
"Прашањето на референдумот ќе биде дали ние ќе ги прифатиме предлозите (на доверителите) или да ги отфрлиме", објави Ципрас во обраќањето пренесувано на сите телевизиски канали .
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




