18 Декември, 2025
0.0602

ВАСЕВ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА - неговата колешка Доктор Пешевска призна вина

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2025 12:35

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен.

- Не, апсолутно не - одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.

Во судница присутни се и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.

За разлика од Васев, докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“.

Докторката Пешевска со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

На почетокот, судијката Снежана Марковска, информираше дека  приговорите на одбраната за вештачењата изработени во Словенија и Србија, се одбиваат како неосновани.

- Не се дозволува издвојување на вештачењата од списите на доказите по предметот. Со оглед дека се доставени замолници за меѓународна правна помош до надлежните органи согласно законите за меѓународна правна помош, судот цени дека доказите се прибавени на законите начин - изјави судијката Марковска. 

Судот на почетокот го одби и барањето за спојување на постапката од страна на одбраната на Нино Васев со предметот што се види против него и економскиот директор на Онкологија Нехат Нухи. 

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска во однос на предлогот рече дека од доказите набавени во истражната постапка е донесена одлука за поднесување на две засебни обвиненија од објективни причини. 

- Природата на кривичните дела воопшто не е иста и доказите кои ги цитирате не се во голем број за да направат суштинска разлика. Обвинителството смета дека е поцрлисходно постапките да се одвоени и да се водат засебни, изјави Гоговска Јакимовска. 

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. 

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција