05 Декември, 2025
0.0303

„Вашата приватност е сигурна со нас“-отворени денови за заштита на личните податоци

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013 09:45

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за заштита на лични податоци лани примила 30 претставки од граѓани кои се однесувале на обработка на личните податоци од страна на банките, инвестициските фондови, друштвата за наплата на долгови, вели Елена Стојановска, советник за меѓународна соработка и односи со јавност.

Втора година по ред Дирекцијата организира Отворени денови за заштита на личните податоци на потрошувачите. Оваа година кампањата ја спроведуваат со банките и друштвата за наплата на долгови.

-  Отворените денови – заштита на личните податоци на потрошувачите се организираат по втор пат. Минатата година на иницијатива на Организацијата на потрошувачите на Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци отпочна реализацијата на овој проект кој имаме тенденција традиционално да го организираме секоја година со контролори од различни области. , изјави Стојановска.

Дирекцијата за заштита на личните податоци и Организацијата на потрошувачите на Македонија, проектот ќе го реализираат во партнерство на Народната банка на Република Македонија, ЕОС Матриџ ДОО, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Еутостандард Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје.

Отворените денови се организираат под мотото „Вашата приватност е сигурна со нас!“, а ќе се одржат на 15 март во Скопје Градски Трговски Центар 19 март во Битола (Градски Плоштад), 21 март во Кавадарци (Градски Плоштад) и 26 март во Тетово (Градски Плоштад) , 28 март Охрид (Градски Плоштад), 30 март Струмица (ТЦ Глобал) од 12 до 15 часот.

На Отворените денови граѓаните ќе имаат можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во банкарскиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност